Најплатениот актер на светот Двејн Џонсон ќе снима нова верзија на „Кралот Скорпија“ со „Јуниверзал“, објави „Вараети“. Џонсон, кој е поранешен шампион во борење, стекна светска слава со филмот од 2002, кој излезе како конкуренција на „Мумија“ од 2001.
„Кралот Скорпија“ заработи 178 милиони долари на светско ниво и го лансираше популарниот Рок во филмска ѕвезда.
„Кралот Скорпија беше моја прва улога во животот. Почестен сум и возбуден што ќе му дадеме нов живот на овој лик и ќе ја доближиме таа митологија на новите генерации. Немаше да имам филмска кариера да не беше оваа улога“, изјави актерот.