Популарната серија на „Нетфликс“, „Емили во Париз“, ќе има втора сезона, соопшти стриминг гигантот.
Главната улога во серијата, која премиерно се прикажа во октомври, ја игра Лили Колинс, Американка која се сели да работи во Париз и станува инфлуенсерка. Комичната драма се покажа голем хит за „Нетфликс“, и покрај негативните реакции од стручната критика, како и од Французите. Лили е ќерка на легендарниот британски музичар Фил Колинс.
Веста за втората сезона беше пренесена во вид на писмо, објавено од шефицата на Емили Купер.
„Со жалење ве известуваме дека Емили Купер ќе треба да остане подолг временски период во Париз. Се надеваме дека Емили ќе ги унапреди веќе воспоставените односи, ќе влезе подлабоко во нашата култура и можеби ќе научи неколку зборови од основниот француски јазик“.