ИЛОН МАСК СТАНА ТРЕТИОТ НАЈБОГАТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ПО НОВИОТ ПОРАСТ НА ВРЕДНОСТА НА АКЦИИТЕ НА „ТЕСЛА“

Њујорк, (Гардијан)

Илон Маск стана третиот најбогат човек на светот откако вредноста на акциите на „Тесла“ порасна за 13% по нејзиното придружување на берзата на 500-те водечки американски компании.

Се верува дека ова го зголемило богатството на Маск за 15 милијарди долари, па тоа сега изнесува 117,5 милијарди. Според индексот на „Блумберг“, тој го презеде третото место на листата од Марк Закерберг, кој „тежи“ 106 милијарди долари.

Маск поседува 20% од акциите на „Тесла“, чија вредност порасна за 500% од почетокот на годината, а неговото богатство за околу 90 милијарди долари. Тој исто така е основач на ракетната компанија „Спејс Екс“, која утрово донесе четири астронаути на Меѓународната вселенска станица.

Маск ќе добие рекорден бонус од 55,8 милијарди долари доколку „Тесла“ стане компанија од 650 милијарди долари до 2028 година. Таа моментално има пазарна вредност од околу 400 милијарди, со што е број еден меѓу автомобилските компании, иако произведува мал број автомобили. Се очекува „Тесла“ да испорача 500.000 возила оваа година, наспроти десетте милиони на „Тојота“.

Единствените побогати луѓе од Маск сега се Џеф Безос (184 милијарди) и Бил Гејтс (129).