МЕГАН МАРКЛ ОТКРИ ДЕКА ИМАЛА СПОНТАН АБОРТУС ВО ЈУЛИ

Њујорк, (Би-Би-Си)

Војвотката од Сасекс Меган Маркл во текст за „Њујорк тајмс“ откри дека во јули имала спонтан абортус, кога го изгубила второто дете.

„Едно утро почувствував силен грч. Паднав на подот со Арчи во рацете, потпевнувајќи приспивна песна за да се смириме двајцата, додека во мене имав силно чувство дека нешто не е во ред. Додека го држев моето првородено дете знаев дека го губам второто“, откри Маркл.

Таа и принцот Хари го добија синот Арчи на 6 мај 2019. Тие од оваа година живеат во Лос Анџелес, каде што се преселија откако се повлекоа од кралските задолженија.

Неколку часа подоцна, пишува Маркл, „од болнички кревет го гледав мојот сопруг, скршен од болка, како се обидува да ме утеши“.

„Загубата на дете значи да се носиш со речиси неиздржлива тага, која многумина ја почувствувале, но малкумина проговориле за неа“, вели Меган.