Мајк Тајсон призна дека пушел марихуана непосредно пред вчерашниот меч со Рој Џонс Џуниор, кога се врати во рингот по 15 години пауза. Егзибициската борба заврши со реми, а едно од претходно поставените правила беше дека двајцата боксери нема да бидат тестирани на марихуана. Тој запалил џоинт и веднаш по завршувањето на мечот.
„Видете, не можам да се откажам од дување. Жалам, но јас сум пушач. Дувам секој ден, па така беше и пред и после борбата“, им кажа Тајсон на новинарите.
Тој вели дека престанал да конзумира кокаин пред три години, но марихуаната е поинаква приказна. Легендарниот боксер влезе и во бизнисот со канабис, кога пред две години купи ранч во околината на Лос Анџелес за да го одгледува легално.
„Марихуаната нема никаков негативен ефект врз мене. Тоа е она што го правам и така и ќе умрам“, изјави Тајсон.