ДЛУМ ЈА ОТВОРА ИЗЛОЖБАТА „МИНИАРТУРА“ СО 34 УМЕТНИЦИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Изложбата „МиниАРТура“ на Друштвото на ликовни уметници (ДЛУМ) ќе се отвори денеска во уметничкиот центар „Арт Хаб“ во Градски трговски центар во Скопје.

На изложбата учествуваат 34 автори, членови на ДЛУМ: Александар Јанев, Ана Спасова, Ана Темкова, Ангелца Стоиљковиќ, Андријана Мациев, Валентина Илијевска, Ванчо Јаков, Давор Кешќец, Дејан Иванов-Маргуш, Дијана Томиќ Радевска, Душан Георгиевски, Емилија Божиновска, Златко Бојковски, Златко Глигоров, Зулејха Али, Ива Станковска, Ивона Велковска, Игњат Шќекиќ, Илина Арсова, Јовица Мијалковиќ, Кирил Геговски, Љубица Мешкова Солак, Љупчо Бојаров, Маја Димитрова, Марија Светиева, Марјана Костојчиновска Узунчева, Мирјана Крстева Масети, Перо Кованцалиев, Петра Јовановска, Силвана Атанасовска, Стефан Димовски, Стефан Младеновски, Тања Таневска и Филип Цаковски.

Во рамките на изложбата „МиниАРТура“, која ќе биде отворена до 20 декември, Ана Спасова ја доби наградата „Златна четка“, што Друштвото на ликовни уметници ја додели по 12. пат.