ЏИЛИЈАН АНДЕРСОН СЕ РАЗДЕЛИ ОД АВТОРОТ НА „КРУНА“ ПИТЕР МОРГАН

Лондон, (Дејли мејл)

Џилијан Андерсон и авторот на хит серијата „Круна“ Питер Морган се разделија по четири години врска. Тие важеа за една од најблескавите двојки во британската забавна индустрија, иако никогаш не живееле заедно.

Британските медиуми пишуваат дека тие се разделиле зашто веќе не можеле да ги усогласат своите работни и семејни обврски, имајќи предвид дека и двајцата имаат деца од претходните бракови.

Педесет и седумгодишниот Морган, кој во својата плодна кариера на сценарист има и две номинации за оскар, последниве години е актуелен со серијата „Круна“, чија четврта сезона излезе на „Нетфликс“ оваа година. Во неа, Џилијан Андерсон ја игра моќната британска премиерка Маргарет Тачер.