ЉУБОВТА КОН КУСКУС ЗДРУЖИ ЧЕТИРИ ДРЖАВИ ЗА ДА ВЛЕЗЕ НА ЛИСТАТА НА КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО НА УНЕСКО

Париз, (Дојче веле)

УНЕСКО го додаде берберското јадење кускус на својата листа на нематеријално културно наследство на иницијатива на четири држави. И покрај тоа што како држави имаат меѓусебни несогласувања, Алжир, Мароко, Тунис и Мавританија се здружија за да ја нагласат својата љубов кон ова јадење.

„Традициите нѐ определуваат. Разликите што постојат помеѓу нас не се важни, ние сме едно. Знаењето, практиките и традициите поврзани со подготвувањето и јадењето кускус тукушто се вклучени на листата на нематеријално културно наследство“, соопшти УНЕСКО, честитајќи им на четирите држави за нивниот пример за меѓународна соработка.

Кускус вообичаено се подготвува од пченица или јачмен, но може да се прави и со ставање на мелена пченка или просо во гриз. Самиот има блуткав вкус, па најчесто се служи со други намирници за да се добие полн оброк.

Кускус се наоѓа во центарот на исхраната во регионот на Северна Африка, слично на оризот во Азија.