Европските регулатори го одобрија спојувањето на „Фиат Крајслер“ и неговиот француски ривал „ПСА“, со што ќе се создаде четврти најголем автопроизводител на светот. Таа ќе има вкупна вредност од 38 милијарди долари.
Спојувањето доби зелено светло откако „ПСА“ вети дека ќе го продолжи својот договор со „Тојота“ за мали комбиња.
„Пристапот до конкурентен пазар за лесни товарни возила е важен за голем број мали и медиумски компании низ Европа“, изјави еврокомесарката за конкурентност Маргрет Вестагер.
Со спојувањето ќе се добие нов ентитет наречен „Стелантис“, кој во своја сопственост ќе ги има брендовите „Фиат“, „Џип“, „Доџ“, „Масерати“, „Пежо“, „Ситроен“ и „Опел“.