Новата 2021 година дојде во светот во поинакви услови од вообичаеното. Мерките за заштита од коронавирусот ги затворија улиците, градовите, а изостанаа и масовните собири.
Славниот огномет во Сиднеј помина со празно пристаниште, додека пак успехот во справувањето со ковид-19 дозволи жителите на Виетнам да слават на улиците.
Улиците во Париз беа празни откако на полноќ почна карантинот, а пак забраната во Берлин за собирања беше игнорирана од некои граѓани. Биг Бен означи полноќ во Лондон, во исто време кога беше означено излегувањето на Велика Британија од Европската Унија.