ОСКАРОВКАТА ЕМА СТОУН ГО ЧЕКА ПРВОТО ДЕТЕ

Лос Анџелес, (Пипл)

Оскаровката Ема Стоун го чека првото дете со сопругот Дејв Меккери, објавија американските медиуми.

„Ема е бремена и ужива во брачниот живот“, изјави извор близок до двојката.

Весникот „Дејли мејл“ објави фотографии од Стоун на прошетка во Лос Анџелес, при што ѝ се забележува трудничко стомаче.

Триесет и двегодишната Стоун и сценаристот на ТВ-шоуто „Сабота вечер во живо“ се заедно од 2017, а се венчаа изминатиот септември на приватна церемонија за која не беа објавени никакви детали.