ПАРИСКАТА МОДНА НЕДЕЛА ЌЕ ОДРЖУВА РЕВИИ, НО БЕЗ ПУБЛИКА

Париз, (АП)

Ревиите од Париската модна недела закажани за овој месец ќе се одржат без присуство на публика поради стравот од ширење на коронавирус.

Федерацијата за мода и висока мода им соопшти на луксузните модни куќи дека во согласност со инструкциите од полицијата им е забрането да канат гости и публика на ревиите.

„Модните куќи смеат да одржуваат ревии во живо со модели, кои ќе се пренесуваат онлајн. Настаните ќе се одржуваат зад затворени врати, без публика“, соопшти Федерацијата.

Вториот карантин во Франција заврши на 15 декември, но рестораните, кафулињата, кината, театрите и музеите сѐ уште се затворени.