ПАР ОБЛАКОДЕРИ ПОСТАВЕНИ НА ТЕРАСИ СО ЗЕЛЕНИЛО ЌЕ СЕ ГРАДИ ВО КИНЕСКИОТ ГРАД ШЕНЏЕН

Шенџен, (Дезин)

Пар супервисоки облакодери обединети со тераси со зеленило ќе го дефинираат проектот „Кула Ц“, што архитектонското студио „Заха Хадид“ го дизајнираше за кинескиот град Шенџен. Ќе се наоѓа во тамошен нов финансиски центар и со речиси 400 метри височина, ќе биде една од највисоките згради во градот.

Кулите ќе бидат поврзани со неколкукатен подиум составен од испреплетени тераси, секоја исполнета со зеленило и аквапонски градини, систем на одгледување растенија во вода. Проектот се надоврзува на соседен парк и ќе му понуди на градот нов јавен простор.

Целиот комплекс во чии рамки ќе биде „Кула Ц“ ќе може да прими 300.000 луѓе и ќе биде опремен со систем за собирање и рециклирање вода и со сончеви колектори за производство на струја, што ќе му даде енергетска автономија.