Тринити Родман, ќерката на легендата на НБА Денис Родман, беше избрана како втор пик на драфтот, ама во Националната женска фудбалска лига. Осумнаесетгодишната Родман ја почнува својата професионална спортска кариера во тимот на Вашингтон Спирит.
„Ова отсекогаш беше мој сон. Играм фудбал од мојата четврта година“, изјави таа.
Родман е најмладата фудбалерка која досега била избрана на драфтот и веќе дебитираше за младата репрезентација на САД. Нејзиниот брат Ди Џеј, пак, тргна по стапките на татко им и игра колеџ кошарка.
Денис Родман (59) освои две НБА титули со Детроит Пистонс, пред да стане дел од легендарниот тим на Чикаго Булс, со кого беше шампион трипати по ред од 1996 до 1998 година.