СТУДЕН БРАН ДОНЕСЕ СНЕГ И МРАЗ ВО САХАРА

Алжир, (Сан)

Студен бран донесе мраз и снег во пустината Сахара, а температурите паднаа под нула.

Фотографот Карим Бушетата сними несекојдневни фотографии од пустинскиот песок прекриен со снег и мраз во близина на малиот алжирски град Аин Сефра. Овој град се нарекува „Порта кон пустината“, а се наоѓа на надморска височина од 1.000 метри, окружен со планинскиот венец Атлас.

Снег прекри и делови од Саудиска Арабија, каде што биле измерени -2 Целзиусови степени, што е голем контраст со сезоната на жештини, кога температурите одат и до +50. Јануари е најстудениот месец во Саудиска Арабија, но со просечна температура од +20,2 степена.

Снежни врнежи се забележани и во Либан, Сирија и Иран.