ПО ТРЕТПАТ ОДЛОЖЕНА ПРЕМИЕРАТА НА ХОРОРОТ „ТИВКО МЕСТО 2“

Лос Анџелес, (Индипендент)

Продолжението на пост-апокалиптичниот хорор на Џон Красински од 2018, „Тивко место“, е последниот во низата долгоочекувани холивудски филмови чија премиера се поместува поради пандемијата на ковид-19.

Премиерата на „Тивко место 2“, со неговата сопруга Емили Блант во главната улога, е одложена по третпат, од 23 април за 17 септември. Филмот првично требаше да излезе во март лани, што беше поместено за септември 2020.

„Тивко место“ пред три години беше голем хит, заработувајќи 240 милиони долари на светско ниво, а беше снимен со буџет од 17 милиони долари.