Десет мали панди за првпат беа покажани во јавност во најголемиот кинески резерват за овие животни во чест на скорешното доаѓање на Лунарната нова година.
Една од нив беше толку срамежлива што си го покри лицето со двете шепи, а друга му избега на својот чувар пред да ја фатат повторно.
Пандите се на возраст меѓу четири и шест месеци и сите се резултат на природно оплодување, кажаа од Кинескиот центар за заштита и истражување на големи панди во провинцијата Сичуан. Тие беа пуштени на игралиште украсено со традиционална декорација за Лунарна нова година.
„Новородените панди од класата 2020 ви посакуваат среќна нова година и многу среќа во годината на бикот“, извикаа чуварите, држејќи ги пандите.
До декември, низ светот имаше 44 новородени панди, од кои повеќе од половина во Кина.