НОВ ХОТЕЛ ВО СИДНЕЈ ЌЕ ИМА 33 СПРАТА И ШИРОЧИНА ОД САМО ШЕСТ МЕТРИ

Сиднеј, (Дезин)

Со фасада од само 6,4 метри, новиот хотел „Пенсил тауер“ во Сиднеј е широк колку куќа со тераса. И покрај тоа, оваа зграда висока 110 метри гарантира поглед врз градот од птичја перспектива.

Претставениот проект за 35,6 милиони долари вредниот хотел ја опишува „неверојатно тесната“ кула како „скајскречер“, зашто е претенка за да може да се смета за облакодер. Архитектот Нил Дурбах вели дека слични згради можат да се најдат и во Њујорк и Хонгконг, чија височина е над 20 пати поголема од нивната широчина.

„Веруваме дека ова е најтесната и највитка зграда во Австралија“, изјави Дурбах.

Зградата ќе има 33 спрата и ќе содржи 173 соби, чија типична големина ќе биде 13 квадратни метри. Се очекува хотелот да биде довршен во 2023 година.