Ново кафуле во Дубаи целосно ја замени човечката работна сила со роботи.
Концептот на „РобоКафе“ е идеален за почитување на социјална дистанца, но не е инспириран од актуелната пандемија, бидејќи почнал да се развива пред повеќе од две години.
Посетителите нарачуваат кај роботи произведени во Германија, кои потоа ја подготвуваат пијачката и ја испорачуваат директно на нивните маси.
„РобоКафе“ е креирано со поддршка од владата на Дубаи. Луѓето интервенираат во кафулето само кога има технички проблем или кога треба да се дезинфицира просторот.
„Клиентите нарачуваат преку екран, а потоа сѐ се потпира на вештачка интелигенција“, вели извршниот директор на кафулето Рашид Еса Лота.