ПАНДЕМИЈАТА ГИ УНИШТИ ПАБОВИТЕ ВО БРИТАНИЈА, ПРОДАЖБАТА НА ПИВОТО НАЈМАЛА ВО ПОСЛЕДНИТЕ 100 ГОДИНИ

Лондон, (Гардијан)

Продажбата на пивото во пабовите во Велика Британија минатата година била на најниско ниво од 1920-ите, како што тие се соочија со некои од најстрогите и најдолготрајни рестрикции воведени поради коронавирусот.

Севкупната продажба во пабовите се намалила за 56%, при што остварениот промет бил за 7,8 милијарди фунти помал во споредба со 2019, објави Британската асоцијација на пабови (ББПА).

Оттаму додаваат дека повеќе од половина од пабовите, кафулињата и рестораните имаат резерви на кеш за помалку од три месеци како последица на рестрикциите и намалената побарувачка. Поради тоа, на добар дел од нив им се заканува затворање во следните месеци. ББПА затоа побара од владата да одреди точен датум на повторното отворање на пабовите.

Во последните три месеци од 2020, продажбите во пабовите биле за 77% помали во однос на истиот период во 2019.