Кога мајка ѝ првпат ја однесла на час по балет, таа била загрижена како петгодишната Виторија Буено ќе се вклопи. Родена без раце, нејзиниот сон да биде балерина се чинел крајно нереалистичен, особено во мал рурален град во Бразил, каде што нејзиниот физички хендикеп предизвикувал многу љубопитност.
„Луѓето би се наредиле пред своите куќи за да ја гледаат“, вели нејзината 39-годишна мајка Ванда.
Денес 16-годишна, Буено е силно фокусирана на усовршување на своите пируети и други технички елементи на балетот како ученичка во балетската академија во нејзиниот роден град. Нејзините талент и посветеност привлекоа интерес на социјалните мрежи и таа стана инспирација.
„За мене, рацете се само детаљ. Следам со очите како да се тука. Имам чувство како воопшто да не ми требаат“, вели Буено.
Таа почнала да тренира танц на рана возраст на совет на нејзиниот психотерапевт и силата и флексибилноста што ги добила на тој начин се покажаа клучни за неа, па сега за многу работи во секојдневниот живот стапалата ѝ се замена за рацете,
Со 150.000 следбеници на Инстаграм, на Буено ѝ е мило што може да биде пример.
„Ние сме повеќе од нашите хендикепи, па мора да ги бркаме нашите сништа“, вели таа.