ШТИПСКИОТ ТЕАТАР СО ДВЕ ИЗВЕДБИ НА ПРЕСТАВАТА „ОВА ДЕТЕ“, ОТКАКО НА ПРЕМИЕРАТА НЕМАШЕ ПУБЛИКА

Штип, (СМАРТ СДК.МК)

Денеска и утре, Штипскиот народен театар ќе ја изведе преставата „Ова дете“ од францускиот драматург Жоел Помера, кој за првпат се поставува во Македонија.

„Текстовите на Помера се доста поставувани во театрите низ светот, но кај нас е првпат“, вели  режисерот Александар Ивановски.

Улогите ги играат Владимир Тулиев, Марија Минчева-Aндонов, Ангелка Нашкова, Пеце Ристевски, Валентина Георгиевска, Ефтим Трајчов и Кристина Атанасова-Арсова.

Претставите почнуваат во 18 часот и, всушност, се репризи, затоа што премиерата се случи пред неколку месеци, но без публика поради коронамерките.

Т. ЈОВАНОВСКИ