ЕДИНСТВЕНИОТ ВИОЛИНСКИ КОНЦЕРТ НА БЕТОВЕН ВЕЧЕРВА НА РЕПЕРТОАРОТ НА ФИЛХАРМОНИЈАТА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

„Бетовен: Редефиниција“ е насловен вечерашниот концерт на Филхармонијата од 20 часот, на кој ќе настапи виолинистот Јонијан Илијас Кадеша (Албанија/Грција). Со оркестарот ќе диригира Емил Табаков од Бугарија, а на програмата се Варијации на тема од Хајдн, Оп. 56 од Брамс и Концерт за виолина и оркестар во Д-дур, оп. 61 од Бетовен. Ова е единствениот виолински концерт што го напишал Бетовен.

Илијас Кадеша има грчко-албански корени, а живее во Берлин. Настапува на водечките светски сцени и на познати фестивали во Европа. Свири на виолина изработена од Џовани Батиста Гваданини во 1749 година.