Поп ѕвездата Леди Гага понуди награда од 500.000 долари, откако човекот кој ги шетал нејзините кучиња беше застрелан, а два булдога украдени.
Нејзиниот пријател Рајан Фишер бил на прошетка во Холивуд со три кучиња од расата француски булдог, кога бил ранет од полуавтоматски пиштол. Притоа биле однесени кучињата Коџи и Густав, а Мис Ејжа побегнала и подоцна била најдена од полицијата.
Фишер бил превезен во болница и заздравува.
Леди Гага е во Рим, каде што го снима новиот филм на Ридли Скот, „Гучи“.