Оскаровецот Стивен Спилберг и креаторите на хит серијата „Чудни нешта“, браќата Дафер, работат на адаптација на книгата „Амајлија“ (The Talisman) од мајсторот на хорори Стивен Кинг.
Епската фантазија е објавена во 1984 и зборува за 12-годишно момче кое тргнува на пат за да ја спаси неговата мајка која е на умирање.
„Холивуд рипортер“ објави дека Спилберг веќе 40 години ги има правата за проектот откако ги откупил во 1982, две години пред делото од 1.000 страници воопшто да биде објавено. Иако било планирано да се снима филм според книгата, адаптацијата сепак ќе биде во форма на ТВ-серија, што ќе се прави за „Нетфликс“.