КОПЕНХАГЕН ПОСТАВУВА ПЛОВЕЧКИ ПАВИЛЈОНИ ВО КАНАЛИТЕ ШТО ЌЕ СЕ КОРИСТАТ ЗА КОНЦЕРТИ И ЈОГА

Копенхаген, (Дезин)

„Куќа за чај“ е првиот во серијата пловечки павилјони со кои ќе се исполнат каналите во Копенхаген и ќе бидат достапни за јавноста.

Таа е направена во локална работилница, а подот и покривот се изработени од дрвена структура. Голем број проѕирни цевки што висат од покривот создаваат ефект на вода која тече.

Павилјонот ќе може да се користи за културни настани, како концерти и диџеј настапи, но и за вежбање јога.

„Павилјонот е дизајниран да се движи низ каналот, а има и скриен мотор ако отплови далеку. Главната цел е да им овозможиме на жителите разни активности кои претходно не беа достапни, да уживаат на нов јавен простор и да ја откријат убавината на водата и природата на градот“, вели архитектот Казумаса Такада.