ВАСИЛ ГАРВАНЛИЕВ ЈА ПРОМОВИРАШЕ ЕВРОВИЗИСКАТА ПЕСНА, ИНСПИРИРАНА ОД НЕГОВАТА ЖИВОТНА ПРИКАЗНА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Васил Гарванлиев ја промовираше песната „Here I Stand“, со која ќе ја претставува Македонија на годинашната Евровизија во Ротердам. Тоа ќе биде негова втора шанса за настап на Евровизија, откако лани не беше во можност да ја изведе песната „Ти“ поради пандемијата на коронавирусот.

„Среде хаосот и разочарувањето минатата година, ја напишав ‘Here I Stand‘ во еден здив, без некоја специфична цел и фокус. Длабоко сум почестен што ќе имам можност да ја претставувам Македонија на Евровизија со песна инспирирана од моето лично искуство. Иако песната ги отсликува мене и мојата животна приказна, верувам дека ќе ги допре сите, односно ќе допре до сите нас кои сме поминале низ трнлив пат, сме воделе тешки битки и повторно на крајот сме ја зачувале насмевката“, вели Гарванлиев.

Полуфиналните вечери ќе се одржат на 18 и 20 мај, а финалето е на 22 мај, при што Гарванлиев ќе настапи првиот ден.