ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС ВО ЗЕМЈАТА ПРОДОЛЖЕН ДО 6 АПРИЛ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Владата донесе одлука за продолжување на полицискиот час, што ќе остане на сила најмалку до 6 април. Тој и натаму ќе трае од 22 до пет часот.

Општата забрана за движење во ноќните часови повторно беше воведена на територијата на целата земја на 10 март и оригинално требаше да важи само 12 дена.

Во изминатиот период, во Македонија повторно расте бројот на новозаразени со коронавирус, а болниците се полнат. Моментално има 15.131 активен случај на коронавирус.

Министерот за здравство Венко Филипче најави дека оваа недела ќе се разговара и за евентуално воведување построги рестриктивни мерки, а во опција се зголемување на полицискиот час и скратување на работното време на угостителските објекти.