Издавачката куќа „Шарла рекордс“ го објави првиот лонг-плеј албум на „Перија“, насловен „Фалан филан“.

„Перија“ е женско трио кое го сочинуваат Катерина Димитровска, Леа Милиновиќ и Филис Синаноска, чија музика има корени во балканските традиции и е под силно влијание на ориенталниот звук. Ова се доловува преку автентичниот звук на традиционалните инструменти уд, тамбура, бендир и кемане.

Димитровска, Милиновиќ и Синаноска се авторки на осумте песни од албумот, кои се испеани на четири балкански јазици. Снимен е во студиото „Алшар“, во продукција на Ивица Јанкуловски.

„Перија“ лани го објави својот прв студиски материјал, миниалбумот „Кокало“, исто така за „Шарла“.