Шест години откако дојде на власт, Северна Кореја сѐ уште нема откриено кога е роденденот на лидерот Ким Џонг-Ун.
Тој не се споменува ниту во новообјавените официјални календари за 2018 година, кои изгледаат како каталози од некој супермаркет.
Се верува дека Ким е роден на 8 јануари, но во календарите, овој ден е претставен како обичен работен понеделник.
Од друга страна, роденденот на неговиот татко Ким Џонг-Ил се одбележува на 16 февруари како Ден на светлечката ѕвезда, додека 15 април, кога е роден дедо му Ким Ил-Сунг, се прославува како Ден на сонцето.
Овие национални празници биле востановени уште додека тие беа живи, додека датумот на раѓање на Ким Џонг-Ун досега не е официјално објавен. Но, токму на 8 јануари, НБА-легендата Денис Родман му ја отпеа роденденската песна на Ким, при неговата посета на Северна Кореја во 2014 година.
Откако сфатиле дека пропагандните календари од минатото веќе слабо поминуваат, на новите се промовираат производи, пејсажи и готвење.