ВРЕДНОСТА НА БИТКОИНОТ НАГЛО ПАДНА ЗА 30% ЗА ПЕТ ДЕНА

Њујорк, (Гардијан)

Биткоинот забележа нагол пад за дури 30% во последните пет дена, откако во почетокот на неделата неговата вредност се искачи на рекордни 20.000 долари.

Вредноста на криптовалутата падна за 2.000 долари за само 12 часа и денеска се разменуваше за 13.155 долари. Тој вредеше само 1.000 долари во почетокот на годината.

Ова доаѓа по проблематичната недела за биткоинот, откако тој претрпи тешко хакирање во Јужна Кореја, што значително му ја намали вредноста.

„Дали балонот конечно пукна? Сепак, тешко е да се каже дали ова е крај. Големите разлики во вредноста станаа толку нормални, што е тешко да се процени. Пазарот за кратко време може повторно да се врати во нормала. Кој знае, инвеститорите можеби само продаваат за да избегнат ризици. Се чини дека дојде време да се наплатат добивките, за да се има мирен Божиќ“, вели финансискиот аналитичар Нил Вилсон.