НОВАТА АЛАТКА НА „ГУГЛ ЗЕМЈА“ ИМ ОВОЗМОЖУВА НА КОРИСНИЦИТЕ ДА ПАТУВААТ НИЗ ВРЕМЕТО

Њујорк, (Би-Би-Си)

„Гугл Земја“ (Google Earth) лансираше нова алатка која им овозможува на корисниците да патуваат назад во времето и да видат како светот се променил во изминатите децении.

Алатката користи милиони сателитски снимки од изминатите 37 години, па луѓето можат да ги видат топењето на глечерите и уништувањето на амазонските шуми низ времето. Компанијата вели дека ова е најголемото надградување на „Гугл Земја“ во последните четири години.

„Гугл Земја“ користи слична технологија и за својот широко користен производ „Мапи“, но е повеќе фокусиран на геологија и истражување отколку на јавен превоз и насоки.

Новата временска алатка е глобална, па корисниците можат да проверат која било локација и да експериментираат со достапните фотографии. Освен природните локалитети, таа прикажува и како се менувале и развивале градовите низ светот, од брзиот раст на Лас Вегас до градењето на вештачките острови на Дубаи.

Новата верзија на „Гугл Земја“ е потпомогната од 24 милиони различни сателитски фотографии, од кои најстари се од 1984 година.