НА ТВИТЕР СЕГА МОЖЕ ДА СЕ ОСТАВИ БАКШИШ ЗА ДОБАР ТВИТ

Њујорк, (Би-Би-Си)

Твитер воведе „касичка за бакшиш“, алатка преку која корисниците можат да им испратат пари на други на оваа социјална мрежа. Компанијата вели дека „на овој начин можат да се поддржат неверојатните гласови кои шират добар муабет“.

Во почеток, само одбрана група луѓе ќе може да прима бакшиш и во неа спаѓаат креатори, новинари, експерти и непрофитни организации. Сепак, алатката беше критикувана зашто открива лични податоци, како мејл адреси.

Алатката додава мала икона на профилот на корисникот, преку која се вршат уплатите преку Пејпел или Венмо.