Данскиот актер Мадс Микелсен се вклучува во ѕвездената постава на петтиот дел на „Индијана Џонс“, покрај Харисон Форд и Фиби Волер-Бриџ.
Претходните четири филма ги режираше оскаровецот Стивен Спилберг, но за петтиот е задолжен Џејмс Менголд. Легендарниот композитор Џон Вилијамс повторно ќе работи на музиката. Спилберг останува во тимот како продуцент.
Петтиот дел сѐ уште нема наслов, не е познато сценариото, па затоа не се знае ни кого ќе глуми Микелсен.
Премиерата на филмот првично беше најавена за 10 јули 2020, па беше поместена за 2021, а последен термин е 29 јули 2022, речиси четири децении по излегувањето на првиот филм „Крадците на изгубениот ковчег“.