МЛАДИ ФРАНЦУСКИ ДИЗАЈНЕРИ ПРАВАТ ТРКАЛА ЗА СКЕЈТБОРД ОД РЕЦИКЛИРАНИ ГУМИ ЗА ЏВАКАЊЕ

Париз, (Дезин)

Француските студенти по дизајн Иго Мопетит и Вивијан Фишер развија метод за собирање на искористени гуми за џвакање и ги претвораат во шарени пластични тркала за скејтборд.

Тие поставија специјални табли во урбани делови на Нант, на кои што минувачите можат да ги лепат мастиките, место да ги плукаат на земја. Еднаш неделно ги собираат гумите и ги топат заедно со таблата направена од посебна пластика.

(Фото: Дезин)

„На пробите ни требаа 10 до 30 мастики за едно тркалце, во зависност од големината на мастиката и посакуваната тврдост на тркалцето“, вели Мопетит.

За еден скејтборд, користат над 60 мастики. Младите дизајнери се надеваат дека ќе соработуваат со брендови за скејтерска опрема, како „Ванс“.