РУСИЈА ПЛАНИРА ДА ИЗГРАДИ СОПСТВЕНА ВСЕЛЕНСКА СТАНИЦА ДО 2030

Мадрид, (Ројтерс)

Русија е подготвена да изгради сопствена вселенска станица и да ја лансира во орбитата до 2030 година, за што се чека зелено светло од Владимир Путин, изјави шефот на руската вселенска агенција „Роскосмос“, Дмитри Рогозин. Со овој проект би завршила дведецениската тесна соработка со САД во рамките на веќе застарената Меѓународна вселенска станица (ИСС).

„Ако во 2030 успееме да ја лансираме во орбитата, како што се планира, тоа би бил огромен пробив. Тоа ќе биде нов чекор во човечките истражувања на вселената“, изјави Рогозин.

Руските астронаути соработуват на ИСС со своите колеги од САД и 16 други држави од 1998 година. Заменик премиерот на Русија Јури Борисов изминатиот викенд кажа дека Москва ќе ги извести своите партнери дека ќе го напушти проектот ИСС од 2025 година.

Повикувајќи се на неименувани извори, агенцијата „Интерфакс“ објави дека Русија планира да потроши шест милијарди долари на новиот проект, доколку биде одобрен.