Актуелната Мис свет Керолајн Џури ја предаде круната поради инцидентот на неодамнешниот избор на Мис Шри Ланка.

Џури беше уапсена откако на манифестацијата во Коломбо на 4 април на сила ја отстрани круната од главата на победничката, тврдејќи дека е разведена, со што не ги исполнува условите да биде мис.

„Доброволната оставка на Џури е нејзина лична одлука“, објавија организаторите на изборот.

Круната ќе ѝ биде предадена на Ирката Кејт Шнајдер, која на ланскиот избор беше прва придружничка. Шри Ланка, сепак, го задржува правото да го организира годинашниот избор на Мис свет.

Џури во 2019 година беше избрана за Мис Шри Ланка, по што лани победи на светскиот избор.