Деветтото издание на музичкиот фестивал „Земјотрес“ почнува вечерва во Младински културен центар во Скопје и ќе има значително помал обем од претходните години. Опишан како „фестивал на свежа домашна музика“, ова ќе биде мини издание на „Земјотрес“, иако ќе се одржува три вечери во кино Фросина.
Вечерва од 19 часот настапуваат Дина Јашари и „Перија“, утре на програмата се „3џект“ и „Локал блу“, а фестивалот в сабота го затвораат Александар Велики и „Кантон6“.
Поради актуелните состојби, за секоја вечер ќе се продаваат само по 70 билети по цена од 200 денари.