ВО ЗООЛОШКАТА ВО ВИЕНА УГИНА НАЈСТАРАТА ЖИРАФА ВО ЕВРОПА

Виена, (ДПА)

Најстарата жирафа во Европа беше евтаназирана откако страдаше од сериозни болки во зглобовите кои веќе не можеа да се ублажуваат со лекови, соопшти зоолошката градина во Виена. Кимбар имаше речиси 28 години кога угина.

„Жирафите ретко живеат повеќе од 20 години. Затоа бевме свесни дека збогувањето може да дојде во кој било момент. И покрај тоа, сите сме премногу тажни“, изјави портпаролката на градината, Јохана Буковски.

Таа додаде дека целата храна за Кимбар мораше да биде сварена или навлажнета бидејќи забите веќе му беа целосно истрошени.

Кимбар е роден во 1993 во зоолошка градина во Холандија, а во Виена беше преселен на две години, во рамките на програма за размножување.