Тимоти Шаламе ќе го глуми Вили Вонка во мјузикл базиран на раниот период од животот на ексцентричниот лик од класиката „Чарли и фабриката за чоколадa“.
„Ворнер брос“ објави дека 25-годишниот Шаламе ќе глуми во филмот насловен „Вонка“. Според студиото, филмот ќе се фокусира на младиот Вили Вонка и неговите авантури пред да ја отвори најпознатата фабрика за чоколада на светот. Филмот ќе излезе во март 2023.
Во претходните филмски адаптации на книгата на Роалд Дал, Вили Вонка го играа Џин Вајлдер (1971) и Џони Деп (2005).