ПОРАДИ ПАНДЕМИЈАТА, ИЗГРАДБАТА НА САГРАДА ФАМИЛИЈА ВО БАРСЕЛОНА ЌЕ СЕ ОДОЛЖИ И ПОСЛЕ 2026

Барселона, (Ројтерс)

Сувенирниците се главно затворени и само малкумина туристи ѝ се воодушевуваат на Саграда фамилија во Барселона, но одборот кој управува со недовршената базилика на Антони Гауди се надева дека тоа наскоро ќе се промени.

Таа повторно ќе се отвори за посетители на 29 мај, откако беше затворена во октомври, со надеж дека ќе го обнови главниот извор на приходи. Изградбата на катедралата се финансира главно од туристички такси, а поради затвореноста, и градежните работи беа запрени цели девет месеци.

„Предвидувавме дека работите ќе завршат во 2026. За жал, тоа нема да биде можно. Тоа би можело да биде во 2030, 2035, 2040 година. Би лажел ако кажам прецизен датум“, вели генералниот директор на Саграда фамилија, Хавиер Мартинес.

Гауди работел на модернистичката структура од 1889 до неговата смрт во 1926 и изградбата во неколку наврати била стопирана на подолго време. До декември треба да се доврши една од 18-те кули, висока 138 метри.

Во 2019, кога базиликата ја посетиле 4,5 милиони луѓе, во нејзината изградба биле вложени 60 милиони евра. Лани биле собрани само 15% од овие приходи.