„Пивара Скопје“ им подари специјално дизајнирани лименки „скопско“ на македонските фудбалски репрезентативци, посветувајќи им ја здравицата „Со цело срце за вас“. Лименките ги содржат потписот и бројот на дресот на фудбалерите, кои за неполни две недели ќе дебитираат на Европското првенство.
„Не постои поголема среќа од моментите кога имаме повод за колективна здравица, како што е овој историски успех на македонската репрезентација. Со специјалната едиција лименки покажуваме огромна благодарност за радоста која ни ја приредија нашите момци и наздравуваме во нивно име со цело срце. Ви благодариме што нѐ направивте горди!“, изјави Ламбро Патче, менаџер за односи со јавност и комуникации во „Пивара Скопје“.
Овие колекционерски лименки ќе се продаваат за време на првенството.