„ПИВАРА СКОПЈЕ“ ИМ НАЗДРАВИ НА МАКЕДОНСКИТЕ ФУДБАЛЕРИ СО СПЕЦИЈАЛНИ ЛИМЕНКИ „СКОПСКО“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Пивара Скопје“ им подари специјално дизајнирани лименки „скопско“ на македонските фудбалски репрезентативци, посветувајќи им ја здравицата „Со цело срце за вас“. Лименките ги содржат потписот и бројот на дресот на фудбалерите, кои за неполни две недели ќе дебитираат на Европското првенство.

„Не постои поголема среќа од моментите кога имаме повод за колективна здравица, како што е овој историски успех на македонската репрезентација. Со специјалната едиција лименки покажуваме огромна благодарност за радоста која ни ја приредија нашите момци и наздравуваме во нивно име со цело срце. Ви благодариме што нѐ направивте горди!“, изјави Ламбро Патче, менаџер за односи со јавност и комуникации во „Пивара Скопје“.

Овие колекционерски лименки ќе се продаваат за време на првенството.