Претседателот на Ел Салвадор, Најиб Букеле, најави дека ќе ја направи криптовалутата биткоин легално средство за плаќање во земјата. Ако неговиот план биде поддржан од парламентот, Ел Салвадор ќе стане прва држава на светот која и официјално ја усвоила оваа дигитална валута. Тој би се користел заедно со американскиот долар, кој е официјалната валута во Ел Салвадор.
„На овој начин, на Салвадорците кои живеат во странство ќе им биде полесно да праќаат пари дома. Тоа би можело да поттикне и инвестиции во земјата“, изјави Букеле, додавајќи дека ова е важно и зашто 70% од жителите на Ел Салвадор немаат банкарска сметка.
Економијата на оваа средноамериканска држава силно се потпира на парите што се праќаат однадвор и тие сочинуваат 20% од нејзиниот бруто домашен производ. Повеќе од два милиона Салвадорци живеат во странство, но тие ги задржуваат тесните врски со татковината и секоја година испраќаат вкупно четири милијарди долари.