Со популација од само 200 луѓе, Ливонците се најмалата етничка група во Европа. Ливонски јазик е еден од дијалектите на летонскиот и денес е толку редок, што лингвистите предупредуваат дека би можел да исчезне.

За разлика од летонскиот јазик кој припаѓа на балтичката група, ливонскиот спаѓа во групата на финско-унгарските јазици. Како и финскиот и естонскиот, и ливонскиот јазик е многу сложен: има 17 падежи, именките немаат род и нема идно време.

Мазирбе е едно од 12-те села кои низ историјата биле населени со Ливонци (Фото: Гети)

Во средновековните времиња, околу 30.000 луѓе го зборувале ливонскиот јазик и тој се зачувал низ вековите, во кои регионот преминал од германски во руски раце, за потоа да стане дел од денешна Летонија. Светските војни и децении советска окупација донеле груба репресија, егзекуции и депортации на Летонците и Ливонците.

До 1991 година кога Летонија прогласила независност, ливонската заедница веќе била фрагментирана, а употребата на јазикот се намалила и како резултат на интензивното мешање со Летонците. Гризелда Кристина, последната на која ливонскиот ѝ бил вистински мајчин јазик, почина во 2013 година, со што останале малкумина Ливонци кои можат да комуницираат на овој јазик. Нивните родители биле толку уплашени од советските репресалии што на своите деца не им зборувале на ливонски.

Така нашиот јазик речиси исчезнал. За само 50 години. Советски Сојуз го направи она што 700 години под Германија не успеале. Тоа е многу тешко за мојата нација“, вели Давис Сталтс, кој водел културен центар на Ливонците во Рига. 

Во Летонија денес има 12 села кои низ историјата биле населени со Ливонци.