Во последните 24 часа, во Македонија е потврден само еден нов случај на коронавирус, бројка што не е забележана уште од првите денови на пандемијата во март минатата година.
- Единствениот нов случај на коронавирус е регистриран во Куманово, при што биле направени 1.375 тестирања во изминатите 24 часа.
- Во исто време починале уште три лица од ковид-19.
- Бројот на активни случаи на зараза падна под 500 и сега изнесува 464.
- Дојран, Пехчево, Демир Капија, Богданци и Пробиштип се градовите во кои веќе нема коронавирус, додека во Македонски Брод, Крушево, Валандово, Дебар, Крива Паланка и Ресен има само еден активен случај. Од поголемите градови, најдобра е ситуацијата во Велес, каде што има два активни случаи, следен од Штип со три.
- Од почетокот на епидемијата, во Македонија има 155.418 заразени и 5.458 починати.
- Заклучно со 5 јуни, досега се дадени 384.466 вакцини, а 139.053 лица примиле по две дози.