БРАЈАН АДАМС ЌЕ ГО ПРАВИ НОВИОТ КАЛЕНДАР НА „ПИРЕЛИ“

Торонто, (Си-Ен-Ен)

Освен што е еден од најпознатите канадски музичари, Брајан Адамс е успешен и на друго поле, фотографија. Тој го доби еден од најпрестижните ангажмани во својата фотографска кариера откако беше избран да го снима новиот календар на „Пирели“.

„Горд сум што можам да објавам дека ќе бидам фотографот на календарот на ‘Пирели‘ за 2022 година“, изјави Адамс.

Лансиран во 1960-ите од италијанската компанија за автогуми, календарот секоја година го прави друг фотограф. Адамс не ја откри темата на новиот календар, но кажа дека ќе биде возбудлив проект.

Тој работи како професионален фотограф повеќе од десет години и негови дела се појавија и во модни списанија како „Вог“ и „Харпер‘с базар“. Освен славни личности, тој фотографираше и ветерани на војната во Авганистан и бездомници во Велика Британија.