Глобалното производство на пластика забележало пад минатата година, само третпат од Втората светска војна, како последица на пандемијата на коронавирусот, соопшти организацијата PlasticsEurope. Ова претходно се случи само уште во 1973 година поради тогашната нафтена криза и во 2008 за време на финансиската криза.
Лани биле произведени 367 милиони тони пластика, еден милион помалку во споредба со 2019.
„Падот се должи на ефектите на ковид-19 врз глобалната економија“, објави PlasticsEurope.
Во Европа, производството на нова пластика паднало за 5,1%, но во Кина имало пораст од 1%. Автомобилската индустрија, еден од најголемите потрошувачи на пластика, лани во Европа имала помала побарувачка за 18%.
САД произведуваат околу 19% од светските количини на пластика, а ЕУ околу 15%.