МИНИ ЗООЛОШКА ГРАДИНА ВО СРЕДНОТО ВЕТЕРИНАРНО ШКОЛО ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ.СДК.МК)

Во средното земјоделско-ветеринарно училиште „Браќа Миладиновци“ во Скопје отворена е мини зоолошка градина-Зоо парк.

Оваа зоолошка градина во дворот на училиштето постои веќе повеќе години и е дел од практична настава за учениците, а од денеска таа е реноворана и официјално ќе биде отворена за сите посетители.

Има триесетина домашни и други видови животни и тоа лами, носести мечиња, пони коњчиња, елени, срни, како и многу птици. За животните се грижат учениците.

Влезот е слободен, но секој посетител може да донира симболична сума при посетата, за да помогне во набавката на храна за животните.