Поранешната најдобра светска тенисерка Каролине Вознијацки објави дека станала мајка.
Година и пол по повлекувањето од тениските терени, Вознијацки доби ќеркичка во бракот со поранешниот НБА играч Дејвид Ли. Тие открија дека нејзиното име е Оливија.
„Тричлено семејство“, напиша 30-годишната Вознијацки под фотографијата на Инстаграм, на која го држи бебето родено пред четири дена.
Данката освои 30 титули во кариерата, од кои најголемата е Отвореното првенство на Австралија во 2018 и помина 71 недела на врвот на ВТА-листата. За Ли се омажи во Италија во јуни 2019.